На 23 мај на сцената на Софиската опера ќе биде изведена операта ораториум „Кирил и Методиј“ од Живка Клинкова.

Како што објави Софиската опера, либретото на опера-ораториумот „Кирил и Методиј“ е засновано врз поетски текстови од „Преданија заветни“ на Венко Марковски.

Опера-ораториумот „Кирил и Методиј“ е вклучена во програмата на 52-то издание на фестивалот „Софиски музички недели“. Софиската опера и балет за првпат на 23 мај ќе ја претстави операта-ораториумот „Кирил и Методиј“ од Живка Клинкова, се вели во објавата на Софиската опера:

„Со оваа премиера, нашата прва оперска куќа дава важен сигнал за улогата на апостолската мисија на светите браќа за Бугарија, за остатокот на словенскиот свет и културата на Европа. Презентацијата на ова значајно дело е во чест на 40-годишнината од прогласувањето на светите браќа Кирил и Методиј за ко-покровители на Европа од страна на папата Јован Павле Втори. Гестот на Римската црква и на самиот папа е показател за фактот дека Европа е една прегратка со две раце и две срца, од запад и од исток, а во оваа прегратка се и нејзините вредности. Папата Јован Павле Втори ја одликува твробата на Живка Клинкова со специјална диплома. Тој лично го поздрави нејзиниот концертен настап во Бидгошч, Полска во 1986 година“, истакнуваат од Софиската опера.