Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе вчера го прослави својот 23. роденден. Францускиот играч од соиграчите во парискиот клуб, на гала вечерта доби подарок дрес со бројот 2050. На тој начин тие го навестија продолжувањето на договорот на Мбапе.
Претходно спортскиот директор на ПСЖ Леонардо изјави дека би сакал Мбапе целиот свој живот да го помине во париски клуб.
Оваа сезона Мбапе на 23 натпревари постигна 13 гола и забележа 14 асистенции.
Минатите две години Французинот постојано се поврзуваше со други клубови, а во еден период тој самиот им соопшти на претпоставените дека сака да замине во Реал Мадрид.