На 29 пратеници од минатиот состав денеска собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата им го прифати барањето за апанажа.

Поднесени се и други барања што се разгледуваат, информираше претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски.

Согласно законските одредби, апанажата е во висина на платата на пратениците и ја исплаќа Собранието односно организацијата во која лицето ја вршело функцијата.

Според информациите од Собранието, 57 пратеници од минатиот состав имаат право на апанажа бидејќи не се дел од новиот состав. Рокот за поднесување барања на апанажа започна на денот на верификација на мандатите на членовите на новиот парламентарен состав 2024-2028, а завршува за 30 дена односно на 28 јуни.