Легендарниот фудбалер на Тотенхем и актуелен менаџер на Лејтон Ориент, Џастин Единбург почина на 49-годишна возраст, по добиен инфаркт.
Роден во 1969-та година поранешниот фудбалер на „петлите“ бил однесен во болница два дена откако присуствувал на финалето во Лигата на Шампионите помеѓу неговиот поранешен клуб Тотенхем и Ливерпул.
– Целосно сме скршени од оваа трагедија, напишаа од актуелниот клуб на Единбург.
Тој ја започна фудбалската кариера во Саутенд, освојувајќи промоција во четвртото ниво, по што следува трансфер во Тотенхем во 1990 година. Тој забележува 215 натпревари за клубот од Северен Лондон и е дел од триумфот во ФА Купот и Лига Купот во 1991-та и 1999- та година.
– Длабоко сме натажени и шокирани откако дознавме за смртта на Џастин Единбург, напишаа пак од Тотенхем.
Лејтон Ориент го назначи менаџерот во ноември 2017 година, а оттогаш тој освои 45 од 82 натпревари, откако освои промоција за Националната лига.