Пилотот на Ферари во Формула 1, Шарл Леклер нема да ја загуби третата стартна позиција, која ја освои во квалификациите за Гран При на Канада.

Леклер помина само со предупредување од стјуардите поради прекршување на правилата за безбедно враќање на патеката.

Дваесет и едно-годишниот натпреварувач мина од погрешната страна на еден од заштитните делови, откако излезе надвор од патеката во 9-тиот свиок. Единствената санкција што ја доби пилотот за грешката беше тоа што неговото постигнување во вториот квалификациски дел беше избришано.

Имаше слични инциденти и на тренингот, кога и други пилоти добија само предупредувања. Уште тогаш стјуардите предупредија дека ќе наметнат посериозни санкции во квалификациите и трката.

Поради оваа причина, Ферари сериозно се испоти пред да ја дознае конечната одлука, бидејќи Леклер си заслужи многу добра стартна позиција од вториот ред зад освојувачот на пол-позицијата, Себастијан Фетел и Луис Хамилтон од Мерцедес. На крајот пилотот од Кнежеството може да биде смирен, макар и со предвид дека ќе добие казна, ако го повтори прекршокот во трката.вз