Ѕвездата на Бразил и ПСЖ, Нејмар ќе има потреба од четири недели за опоравување од повредата на глуждот, која ја доби за време на контролниот натпревар на петкратниот светски шампиони пред почетокот на Копа Америка.

Напаѓачот пропушти голем дел од сезоната на ПСЖ поради повреда во глуждот, а сега повторно доби таква и ќе биде надвор од игра следниот месец. Од таборот на Бразил веќе потврдија дека Нејмар нема да игра на турнирот Копа Америка, која започнува следната недела, но тој мора да е на линија за почетокот на летната подготовка на ПСЖ.

– Лекарите и на двата тима се согласија дека истегнувањето на надворешните лигаменти на десниот глужд не наметнува операција и ќе се примени конзервативно лекување, соопштија шампионите на Франција.