Михаил Горбачов, кој ја заврши Студената војна без крвопролевање, но не успеа да го спречи распадот на Советскиот Сојуз, почина на 92-годишна возраст, соопштија руските новински агенции, цитирајќи официјални лица од болницата.

Горбачов, последниот советски претседател, склучи договори за намалување на оружјето со Соединетите држави и партнерства со западните сили за да ја отстрани железната завеса.

Горбачов го водеше СССР од 1985 година до неговиот распад во 1991 година.

Студената војна завршила во доцните 1980-ти, кога претседателите Михаил Горбачов од СССР и Роналд Реган од САД одржале низа состаноци на кои постигнале договор за меѓусебна толеранција, намалување на воените потенцијали и прекинување на непријателствата.