Бугарското Министерство за надворешни работи ја охрабри работата на историската Комисија, откако беа објавени препораките за заедничко чествување на пет личности и ревизијата на учебниците. Заменик министерот Костадин Коџабашев задоволен од сработеното, вели дека се создала основа за имплементација на календарот за точките од протоколот.

-Објавувањето на предлозите од 2019 година, одобрени од владите на двете земји, е многу важен чекор кон запознавање на јавноста и во Бугарија и во Република … Македонија со резултатите од работата на заедничката комисија. Така, според нас, се создава потребната основа за да се продолжи со практично спроведување на уште еден многу важен договор од протоколот, а тоа е – координација на календар на заеднички прослави за периодот 2022 – 2023 година за петте заеднички историски личности. МНР ја охрабрува комисијата да продолжи уште поинтензивно во напорите за што побрзо завршување на работата по сите периоди од заедничката историја, велат од бугарското МНР.

Ова доаѓа само ден откако бугарските историчирани ни порача дека ако не го исполниме договореното, ќе сме имале непријатни последици. Токму тоа се последиците од прифатениот француски предлог вели за ТВ Алфа поранешниот амбасадор Јован Донев. Според него Бугарија ќе не блокира на секое поле додека не го исполниме она што сме го договориле со нив.

-Бугарија не е Холандија, па даја интересира спроведувањето на правото во Македонија и борбата против корупцијата, Бугарија единствено ја интересира да го елиминира македонизмот. Она нема за што друго да стави вето, а може постојано да става вето, на секој извештај на Европската Комисија може да стави вето. Ние од Бугарија поддршка за Европска Унија каква таква не можеме да очекуваме, додека не ги исполниме нивните барања. Бугарија нема да стави вето заради заштита на животна околина во Македонија, Бугарија ќе стави вето доколку не го избришиме фашистичкиот окупатор од спомениците, вели Донев за Алфа.

Вели требаше да бидеме свесни за ова уште кога го прифативме предлогот на Макрон и спорниот протокол кој е дел од него. Според Донев доколку документот бил добар за Македонија, немало Бугарија веднаш и со отворени раце да го прифати.

-Францускиот предлог нас не ни даде отворени врати за преговори со Европската Унија или тие само да зависат со нас. Францускиот предлог јасно стави до знаење дека ќе зависи од исполнувањето на билатералниот договор со Бугарија. Треба да ги гледаме во пакет, да не беше така Бугарија немаше да го прифати францускиот предлог, вели Донев.