На ден пред распуштањето на Собранието, власта закажува седница за 17 часот со 30-тина законски решенија!

/ 15.02.2020

За денеска попладнево во 17 часот во Собранието е закажано продолжение на собраниската седница на чиј дневен ред, меѓудругите, се и измените и дополнувањата на Законот за одбрана.

На седницата, освен овој закон, на дневен ред има уште триесетина законски решенија, меѓу кои и измените за Изборниот законик предложени од група пратеници за една изборна единица, отворени листи и еднаква родова застапеност на листите, за кои се поднесени неколку илјади амандмани.

За донесување на измените и дополнувањата на Законот за одбрана треба да биде обезбедено двотретинско мнозинство.

На дневен ред на оваа седница, меѓудругите е и дополнетиот предлог закон за Академија за судии и јавни обвинители.

Инаку, распуштање на Собранието беше најавено за утре.


Од истата категорија