На 12-ти април 2012 година, на Велики четврток беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45-годишен рибар од селото Црешево.
Убиствата се случиле меѓу 19:30 и 22:30 часот кога биле најдени телата на убиените.
Обдукцијата врз убиените покажало дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција. На 10 километри од убиството, беше пронајдено возило „Опел Омега“, за кое беше потврдено дека било на местото на настанот за време на убиството.
За овој случај беше отворен предмет под името „Монструм“, за кој на доживотна казна затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ. Хаки Азири за помагање беше осуден на 9 години затвор, Фејзи Азири за истото дело на 15 години затвор. Судот го отфрли обвинението на Сами Љута.
На 23-ти февруари 2013 година во близина на езерскиот брег, на местото викано Кршиколе или Крст, веднаш до заобиколницата бил осветен камен темелник на црквата Црква „Св. 40 Маченици“, која е посветена на убиените момчиња.