На 9 април 1873 година од Солун во Велес пристигнал првиот воз, а два века подоцна Македонија речиси е изолирана во железничкиот сообраќај со остатокот од светот.

Работничкиот совет на Македонските железници на 8 април 1994 година усвоил одлука со која 9 Април го прогласил за Ден на македонските железници.

Велешката железничка станица е најстарата во Македонија и првиот воз пристигнал токму тука, на 9 април 1873, од Солун. Низ годините таа ја менувала местоположбата и изгледот. Таа беше реновирана за време на претходната власт,а од Велес патниците патуваат најмногу до Скопје, а помалку за Битола, Гевгелија или Кочани и попатните станици од овие насоки.

Првата станица во Македонија е направена близу Стар Мост во 1873, кога возот прв пат минал низ Македонија и железницата прв пат проработела. Велешката станица како централен железнички јазол била постојано мета на уништување низ сите војни на овие простори.

Срушена била во Првата светска војна, па повторно изградена и пуштена во употреба во 1921 година. И таа зграда била срушена во Втората светска војна па обновена.

За време кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ со премиерот Никола Груевски беа обновени повеќе железнички станици во Македонија, беа набавени нови гарнитури возови, но за жал Македонија веќе не е поврзана со меѓународни возови, како што имало во минатото.

За време, пак, на претходната власт, предводена од СДСМ и ДУИ , бројот на возовите во Македонија беше сведен на минимум и низ државата. Македонија денес е отсечена од светот во поглед на поврзаноста со меѓународни возови. Со децении се гради и пругата кон соседна Бугарија, а најголеми „резултати во изградбата се постигнуваат“ за време на избори, кога ветувањата од политичарите се даваат брзо и лесно.

(Фотографии: Музјескиот воз во Кичево; Железничка станица во Велес; Стари возови и Новите гарнитури на МЖ) 

(Подготви: Д. Г.)