На 31 октомври 1918 година во ресенското село Болно е роден Димитар Богоевски – Мите, народен херој на Македонија, револуционер и поет, кој како партизан во нерамноправна битка со бугарскиот фашистички окупатор се самоубил за да не падне жив во нивните раце.
Потекнува од земјоделско и печалбарско семејство. Основно образование завршил во родното место, Граѓанска школа во Ресен, а се школувал и во Трговската академија во Битола. Пишувал револуционерни песни.
Поради својата револуционерна активност во 1940 година бил уапсен од српската полиција и затворен во Белград. Поради недостиг на докази бил пуштен. Во 1942 година, бил уапсен од бугарска полиција во Ресен. По суровото мачење бил ослободен.
Во 1942 година учествувал во формирањето на Народно-ослободителниот партизански одред „Даме Груев“. Во месноста Долец, Ресенско, во нерамноправна борба против бугарската окупаторска војска и полиција, не сакајќи жив да падне во рацете на окупаторот, се самоубил (заедно со неговиот другар, народниот херој Стефан Наумов – Стив) на 12 септември 1942 година.
На 12 септември 1942 година во месноста Долец, во Болнската Планина во нерамномерна борба против бугарската војска и полиција не сакајќи живи да паднат во рацете на окупаторот, сами си го одзедоа животот Стефан Наумов-Стив и Димитар Богоевски-Мите, народни херои на Македонија.
Стефан Наумов е роден во Битола на 27 октомври 1920 година.
Двајцата македонски борци против фашистичкиот окупатор сами си ги одзедоа животите за да не паднат живи во рацете на бугарсата војска.
По нивната смрт окупаторот се изживувале врз нивните тела, како што денес повторно се изживуваат над историја, бришејќи ја и менувајќи ја.
Вечна им слава на македонските народни херои, нивната жртва нема никогаш да биде заборавена од македонскиот народ.
Фото: Мите Богоевски и неговата родна куќа
(Подготвил: Д. Г.)