1204.- Умре Мојсие Мајмоинид, еврејски филозоф, лекар, математичар и астроном, како и следбеник на Аристотел. Најважното негово филозофско дело е „Водич на љубовта“. Напиша и повеќе астрономски и математички расправи и 18 медицински трактати со теории многу пред времето во кое живееше.
1466.- Во Фиренца умре Донати ди Николо ди Бето Барди – Донатело, италијански скулптор, еден од најпознатите ренесансни уметници кој ги надмина средновековните модели на скулпторското однесување. Познати се неговите дела „Давид“ (прв европски бронзен акт по антиката), релјефи во базиликата „Свети Антон“ во Падова и други. Роден е во Фиренца, во 1386 година.
1553.- Роден е францускиот крал Анри IV, прв монарх од династијата Бурбон. Во текот на владеењето од 1589 до смртта во 1610 година, кога беше убиен од еден католички верски фанатик, и го врати внатрешниот мир на Франција, а учествуваше и економски и политички со што ја зајакна кралската власт. Андри IV традиционално го сметаат за најголемиот владетел во историјата на Франција, познат како „Андри добриот“.
1570.- Данска ја призна независноста на Шведска.
1642.- Холандскиот морепловец Абел Тасман ја откри земјата на која и го даде името холандска провинција Нов Зеланд, но поради стравот од домородците не се истовари. Заслуга за октривањето на Нов Зеланд има и англискиот морепловец Џејмс Кук, кој во 1769 година се истовари на еден од новозелендските острови.
1780.- Роден е рускиот дипломат Карл Роберт Васиљевич Неселрод. Беше министер за надворешни работи на Русија од 1822 до 1856 година. Одговорен е за влегувањето на Русија во Кримската војна против Османликското царство во 1853 година. Во оваа војна на Русија и се придружија Франција, Велика Британија и Сардинија. По рускиот пораз во 1856 година поднесе оставка.
1784.- Умре англискиот писател и лексикограф Семјуел Џонсон, чиј „Речник за англиски јазик“ од 1755 година повеќе од еден век важеше за најавторитетен за англиското говорно подрачје. Останати дела: трагедијата „Ирена“ и критичкото дело „Животите на поетите“.
1797.- Во Дизелдорф е роден Хајнрих Хајне, германски поет, чија поезија претставува врвен дострел на германскиот романтизам. Неговата светска слава се темели врз лирската „Книга на песни“ и врз подоцнежните збирки „Нови песни“ и „Ромецеро“. Умре во Париз, на 17 февруари 1856 година.
1816. – Роден е Ворнер фон Сименс, германски пронаоѓач и индустријалец, еден од пионерите на електротехниката. Го усоврши телеграфот со стрелки, ја изгради првата подолга телефонска линија во Европа (1849), ја пронајде динамо-машината и друго. Умре во 1892 година.
1862.- Во битката кај Фредериксбург во Американската граѓанска војна, генералот Роберт Ли со 80.000 војници од северна го победи генералот Амброаз Бејсад од јужната страна кој командуваше со повеќе од 150.000 војници. Во текот на тешките борби по должината на реката Масапонакс Бејсад изгуби околу 14.000 војници.
1869. – Роден е Анри Матис, француски сликар и вајар. Почна како фовист, но со време стана попрефинет и сликаше со отмен колорит, за да заврши на крајот со чиста демокративност. Силно влијаеше врз модерното европско сликарство, чиј е еден од главните претставници. Умре на 3 ноември 1954 година.
1881. – Во Загреб умре Аугуст Шеноа, хрватски писател, автор на реалистички раскази и фељтони, романтичарски песни и историски романи. Шеноа беше влијателен театарски критичар. Заслужен е за создавањето на современата хрватска проза. Најпознато негово дело е романот “Селанска буна”, како и романите “Златаревото злато”, “Диогенеш”, “Клетва”, “Чувај се од сењската рака”, “Питачот Лука” и комедијата “Љубица”. Роден е во Загреб, на 14 ноември 1838 година.
1937.- Јапонските трупи го окупираа кинескиот град Нанкинг. Во текот на наредните шест недели настрадаа околу 200.000 Кинези, повеќето цивили. Кинеската историографија овој период го опиша како „силување на Нанкинг“.
1939.- Во првата голема поморска битка во Втората светска војна британските крстосувачи „Ексетер“, „Ајабк“ и „Ахил“ кај заливот Ла Плата во Атлантскиот Океан тешко го оштетија и онеспособија гераманскиот воен брод „Адмирал Граф фон Шпе“, кој претходно во текот на гусарските крстарења во јужниот Атлантик и Индискиот Океан потопи девет трговски брода.
1944.- Јапонски авион наполнет со експлозив, со кој управуваше пилот-самоубиец (камиказа), удри во американскиот крстосувач „Нешвил“ и усмрти 133 членови на екипажот.
1981.- Претседателот на Полска Војчех Јарузелски воведе вондредна состојба во земјата. Беше забранета натамошната активност на т.н. синдикат „Солидарност“.
1983. – Во Букурешт умре Никита Станеску, еден од великаните на романската литература. Првата збирка песни “Смислата на љубовта”, ја објави во 1960 година. Во богатото поетско творештво во повеќе од две децении објави околу 30 книги поезија и спаѓа меѓу најплодните европски поети. Неговите дела се преведени на многу странски јазици. Трипати едноподруго ја доби наградата на Сојузот на писателите на Романија, а добитник е и на Хардеровата награда за литература во 1976 година и на “Златниот венец” на Струшките вечери на поезијата во 1981 година. Роден е во Плоешти, во 1922 година.
1988.- Во Конго е потпишан протоколот со кој Ангола, Куба и Јужна Африка со посредство на Советскиот Сојуз и на САД и обезбедија пат кон независноста на Намибија (Југозападна Африка) и крај на граѓанската војна во Ангола која почна во 1975 година.
1991.- Поранешните советски републики Казахстан, Киргизија, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан се приклучија во Заедницата на Независни Држави.
1992.- На границата меѓу Република Македонија и Албанија беа отворени три нови гранични премини.
1994.- Претседателот на Намибија Сам Нујом и неговата владејачка партија се прогласени за победници на првите избори по стекнувањето независност на државата.
1995.- Генералното собрание на ОН во Њујорк, со мнозинство гласови гласаше во полза за итно запирање на нуклеарните проби кои се изведуваат во Франција и Кина, единствени земји што изведуваат контроверзни проби.
1995.- Европскиот парламент ја прими Турција во европската Царинска унија, и покрај бројните забелешки кон Анкара за кршење на човековите права.
2001.- Пет исламски терористи-самоубијци влегоа во Конгресната зграда во Њу Делхи при што во судирот со обезбедувањето загинаа вкупно 14 лица, вклучително и терористите. Индија за вмешаност во овој терористички акт обвини две милитантни исламистички групи од Пакистан.
2003.- Американските трупи во Ирак кај Тикрит го уапсија веќе соборениот ирачки претседател Садам Хусеин. Садам се криеше откако во јуни истата година американските сили го скршија отпорот на Ирачаните.
2003.- Американскиот претседател Џорџ Буш го потпиша законот со кој се воведени санкции против Сирија заради наводно нејзини врски со терористите.
2006.- Белгиската национална телевизија во ударниот вечерен термин приреди симулација за отцепување на Фландрија. Дури 89 отсто од гледачите изјавија дека поверувале дека Белгија престана да постои според наводните одлуки на фламанското собрание. Веста сериозно ја сфатија дури и некои меѓународни и дипломатски кругови.
2006.- Во Њујорк умре Питер Бојл, американски актер, познат како вечен епизодист, но многу впечатлив и со особен стил на глума. Роден е во Филаделфија, во 1933 година.