На денешен ден Македонија изгубила двајца големи синови, македонскиот идеолог и апостол Гоце Делчев и македонскиот револуционер и војвода Пере Тошев.

На 4 мај 1903 година во селото Баница, Серско, во Егејска Македонија, во борба против османлиската војска загинал Гоце Делчев, еден од најголемите идеолози на народноослободителното движење на македонскиот народ кон крајот на 19-от и во почетокот на 20-от век. Роден е во Кукуш, Егејска Македонија, на 4 февруари 1872 година.

На 4 мај, пак, 1912 година кај селото Фариш, во Дреновската Клисура, Кавадаречко, од турските банди подмолно бил убиен Пере Тошев, македонски револуционер и еден од основоположниците на ТМОРО во Битолскиот револуционерен округ и учесник во Илинденското востание од 1903 година. Роден е во Прилеп, во 1865 година.

Последната акција на Делчев била на 19 март 1903 година во Егејска Македонија.

Четата на легендарниот македонски револуционер го разурнала тунет кај реката Ангиста во Серско. Тоа била последната негова акција против османлиската власт за ослободување на Македонија, пред неговата смрт.

Апостолот на македонското револуционерно движење загинал на 4 мај 1903 година во заседа што била поставена кај селото Баница. За неговата смрт постојат неколку верзии, но има една непобитна вистина: Целиот живот го посветил во борба за ослободување на Македонија. За својата Македонија го дал и својот живот.

Исто како и револуционерот Пере Тошев.

(Подготви: Д. Г.)