На 25 март во 1860 година, на традиционалниот конкурс за поема, што се одржал во Атина, македонскиот поет Григор Прличев добил Ловоров венец за поемата Сердарот и бил прогласен за втор Хомер.

Меѓу најпознатите остварувања на Прличев, се Сердароте и поeмата Скендербег, како и делото Автобиографија.

Со поемата Сердарот, која ја напишал во своите студентски години и за која на поетски конкурс во Атина добил Ловоров венец, историски ја верификувал големината на својот поетски талнет. Ова поетско дело и до денешен ден, според многу елементи на епското пеење, се уште не е надминато.

Македонскиот поет Прличев, по повод 1.000 годишнината од смртта на Методиј, одржал говор во Солунската гимназија на 6 мај 1885 година.

– Не е ли голем срам за Македонците, кои едно време преку Александра Великого го покорија целиот свет, кои после преку светите Кирил и Методија покрстија милиони Словени и ги просветија, денеска ние да бидеме најдолни од сиот свет во просвештението…- рекол тогаш Прличев.

Тој за својата поема Сердарот во Атина бил овенчан со Ловоров венец и бил наречен втор Хомер.

Прличев е роден во Охрид, на 30 јануари 1830 година во семејство од кое излегле повеќе македонски дејци и револуционери . Починал на 6 февруари 1893 година во Охрид и останал еден од темелните македонски писатели од 19 век.

(Подготви: Д. Г.)