На 15 август 1894 година во Ресен (во куќата на Татарчеви) се одржало советување на првенците на ТМОРО. Со советувањето непосредно раководеле Даме Груев и Пере Тошев.

Биле донесени значајни одлуки за натамошниот развој на револуционерното движење во Македонија. Ова прво советување на ТМОРО се сметало за „голема предилинденска искра“.

Во 1897 година во селото Кономлади, Костурско, Егејска Македонија, е роден Стојан Христов, американски писател од македонско потекло, новинар и 12 години државен сенатор во САД.

Во 1986 година при посетата на Македонија била основана Фондацијата „Стојан и Маргарет Христов“. Најпознати негови дела се хрониката „Херои и убијци“, романите „Лавот од Јанина“, „Ова е мојата татковина“, „Мојот американски аџилак“ и мемоарскиот роман „Орелот и штркот“. Умрел во Томпсон Хаус, во Бретлборо, на 25 јануари 1996 година.

Во 1911 година во селото Крушаре, Ениџевардарско, бил убиен  Апостол Петков (наречен и  Ениџевардарско сонце) македонски револуционер и војвода, учесник во Илинденското востание.

Роден бил во селото  Бојмица, Солунско, во 1870 година.