На денешен ден, 9 февруари 2015 година, во седиштето на СДСМ беше активирана првата тн. „бомба“, со што започна уривањето на легитимната власт и уставното име на Република Македонија.

„Од денеска СДСМ и опозицијата го започнуваат проектот ‘Вистината за Македонија’. Целта е единствена – да ја вратиме слободата и демократијата во Македонија, да ги вратиме европските вредности“, изјави тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев, на првата прес-конференција на која беа објавени првите аудио-снимки.

Десет години подоцна, објавувањето на „бомбите“ останува еден од најконтроверзните политички настани во поновата македонска историја.

Десет години потоа Македонија се уште е на листата на чекање за влез во ЕУ, а како што Заев ги лажеше шарените револуционери, своите симпатизери, членовите на СДСМ и граѓаните на Македонија, „промената на уставното име е со цел земјата да влез во ЕУ и НАТО“.

Десет години потоа, народот ги сфаќа заблудите во кои ги доведе Заев со СДСМ и коалицијата што ја направи со ДУИ, но неповратни се загубите што ги претрпе Македонија со таквата шарена и криминална власт.

Десет години подоцна, од официјални институции во САД се објавуваат и детални информации, во милионски суми долари, кои биле вложени во „шарената револуција и шарените револуционери“ кои и нанесоа неповратна штета на Република Македонија.

Позната е народната дека „на лагата и се кратки нозете“, но во овој случај лагата со иронично име „Вистината за Македонија“ долго успеваше да ги крие нозете дека не и се баш долги колку „од Муртино до Дубаи“.

Последица од тие „бомби“ и од таа „вистина за Македонија“ се и десетиците македонски патриоти осудени како „терористи“ кои се уште гнијат во затворите во Македонија.

(Д. Г.)