Лидерите на ЕУ ќе се состанат во Сибиу во романскиот регион Трансилванија, за да разговараат за иднината без Велика Британија.
Самитот ќе се одржи две недели пред изборите за Европскиот парламент, без присуство на британската премиерка Тереза Меј.
Лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ ќе разговараат за петгодишната стратегија во Унијата, како и за тоа, како треба да се раководи блокот. Високи официјални претставници во Брисел признаваат дека има некои несогласувања меѓу лидерите на ЕУ, но чувствуваат олеснување затоа што Брегзит нема да биде една од темите на самитот,.
Самитот ќе се одржи на денот кога во 1950 година Роберт Шуман повика на формирање на Сојуз за јаглен и челик, кој се смета за претходник на денешната ЕУ. За време на самитот, со кој претседава претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, лидерите ќе направат нацрт „стратешки план и програма”, за што ќе се разговара подетално за да може документот да биде ратификуван на самитот на ЕУ во јуни.