Џоан Колинс со својот изглед ги воодушеви присутните на доделувањето на Еми наградите во Лос Анџелес.
90-годишната британска актерка дојде во светло син фустан украсен со светки, со кој комбинираше дијамантски обетки и црвен кармин. Нејзините фотографии се проширија на Твитер, каде многумина коментираа дека им е неверојатно Џоан да има 90 години.
„Посакувам сите да знаат дека Џоан Колинс буквално има 90 години. Таа е дива”, “Не разбирам како Џоан Колинс има 90 години. Кралица”, “Таа има 90! Добро, што е ова?”, Никогаш не се сомневав дека ќе се појави и ќе изгледа прекрасно како и секогаш“, „Има многу да се каже за овогодинешните Еми награди, но – Џоан Колинс. Дама. Кралица“, „Искрено, не очекував да дојде, но Мило ми е.Изгледа неверојатно“, се дел од коментарите на една социјална мрежа.
Актерката на доделувањето пристигна во придружба на нејзиниот сопруг Перси Гибсон, 32 години помлад од неа, со кого се омажи во 2002 година. Кон крајот на минатата година, актерката зборуваше за Fox News за нивната разлика во годините.
„Пред сè, бевме одлични пријатели пред да се венчаме. Работевме заедно на претстава. Уживавме еден со друг. Се дружевме. И продолживме да се дружиме во годините што доаѓаат. Пишувавме љубовни писма – тоа беше постепено. И сфативме дека сме на иста бранова должина“, рече Колинс.
„Тој е навистина убав, љубезен, приземен човек. Многу од мажите со кои сум била, а нема да прецизирам со кои, беа или невротични, малку неурамнотежени или навлегоа во разни проблеми.“, додаде таа. Многумина претходно ја истакнуваа нивната разлика во години, но за неа тоа е „само бројка“ и истакна дека „никогаш не е доцна“ да се најде љубов во животот. „Така се чувствуваме и двајцата“, рече таа.