На двајцата терористи од Москва им се заканува доживотен затвор, првообвинетиот признал вина

/ 24.03.2024

Против двајца обвинети за терористичкиот напад на трговскиот центар „Крокус сити“ во Москва е поднесено официјално обвинение и им се заканува доживотен затвор.

Како што информираше за РИА Новости прес-службата на судот Басман во Москва, Рачабализода Саидакрами Муродали и Мирзоев Далерјон Баротович се обвинети за извршување на терористички напад што резултирало со смрт на лица извршено од организирани групи.

Максималната казна за ова дело е доживотен затвор.

Далерјон Мирзоев (32), првообвинетиот за терористичкиот напад во концертната сала Крокус во Москва, на судското рочиште ја признал вината, пренесува РИА Новости.

Во трговскиот центар биле пронајдени над 500 чаури од куршуми и 28 шаржери за АК-47- Калашников.

Бројот на жртвите во терористичкиот напад на трговскиот центар „Крокус сити“ во Москва се искачи на 137, соопшти претходно денеска Рускиот истражен комитет.

Се додава дека меѓу загинатите има и три деца, јави ТАСС.

Дополнително, бројот на повредени се зголеми на 180, од ​​кои 142 лица се хоспитализирани.

„Истрагата продолжува. До денес се идентификувани 62 тела“, се наведува во соопштението.

Терористичкиот напад се случи во петокот во трговскиот центар „Крокус Сити“ во Москва, а одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава.


Од истата категорија