Федералните власти во САД уапсија денеска човек за кој се сомневаат дека е поврзан со испраќњето пакети со експлозивни направи на адреси на водечки демократски политичари и критичари на претседателот Доналд Трамп.
Бројот на сомнителни пакети со експлозивна рачно изработена направа се зголеми на 12.
Сомнителен пакет денеска беше пронајден на Флорида, адресиран на демократскиот сенатор Кори Букер, како и еден за поранешниот директор на Националната разузнавачка агенција, Џејмс Клапер.
Њујоршката полиција истражува и одделни случаи на сомнителни пакети во пошта во тој град. ФБИ и денеска продолжи да ги истражува случаите на сомнителни пакети со рачно изработени бомби.
Повеќе пакети со импровизирани бомби беа пресретнати во изминатите неколку дена во САД. Пакетите, меѓу другите, беа иапратени до поранешниот претседател Барак Обама, поранешната кандидатка за претседател Хилари Клинтон, како и за Си-Ен-Ен.
Ниту една бомба не експлодира и никој не е повреден.