Рускиот претседател Владимир Путин ја бранеше првата дама на САД, Меланија Трамп, која на социјалните мрежи беше обвинета дека на официјалната вечера на Самитот Г20 во Буенос Аирес, флертувала со него.

Путин одлучил да ги стопира обидите на новинарите да го наведат на разговор за сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Интересот на наовинарите за односот на Путин спрема првата дама на САД се подигна поради гласините на социјалните мрежи.

Корисници на интернет обрнаа внимание на тоа колку било блиско и очигледно гледањето на Меланија во рускиот претседател на официјалната вечера во Буенос Аирес. Некои, дури, нејзините погледи ги протолкуваа како кокетирање.

Но, Путин џентлменски ги прекина сите трачеви барајќи да не разговараат за нејзе.

– Оставете ја Меланија на мир!- одговори Путин.