Министерот за економија Крешник Бектеши и првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска ќе бидат во работна посета на Тетово.

Предвидено е тие да ја посетат компанијата „Кипер маркет“ која е една од 400-те компании кои добија грант за реализација на нова инвестиција преку јавниот повик за зголемување на конкурентноста што го спроведе Министерството за економија.

Бектеши и Груби, заедно заедно со градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, ќе го означат почетокот на изградбата на булеварот „Благоја Тоска“, проект кој е дел од ТАВ програмата на Владата.