Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на божиќниот ручек којшто го приреди поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, по повод божиќните празници и неговиот именден – празникот на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан.

– На божиќниот ручек којшто традиционално се приредува во резиденцијата на архиепископот присуствуваше претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, како и членови на Светиот синод на МПЦ-ОА, соопшти Кабинетот на Пендаровски.

Од државниот врв на традиционалниот Божикен ручек што го приредува поглаварот на МПЦ-ОА, според соопштението од Кабинетот на Пендаровски, не бил собранискиот спикер Талат Џафери.

Божиќен ручек кај поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан