Кога Ешли и Кристофер се пронајдоа еден со друг, не им требало долго време за да разберат дека Бог ги споил. Тие се во врска веќе две и пол години, а Ешли се смета себеси за „најсреќната девојка на светот“. Таа дури и не помислувала дека ќе мора да ја брани својата љубов на национално ниво!
Покрај тоа што е љубовта на нејзиниот живот, Кристофер е и најдобриот пријател на Ешли. Двајцата имаат слично чувство за хумор и уживаат заедно да се шегуваат. Затоа, кога Ешли го фатила бидермаерот на свадбата на братучед и, двајцата тоа го виделе како можност малу да се нашалат.
Тие решиле да направат фотографија на која таткото на Ешли ќе го стрела со поглед Кристофер, а таа и Кристофер ќе правват смешни лица. Резултатот беше одличен!
Но, тогаш фотографијата станала вирална на Reddit. А коментарите ќе ве шокираат и згрозат.
“Дали нејзиното момче е некаде зад дебелиот … господин?”, гласел еден од коментарите.
„Дебелиот треба да скоа од среќа што има таква девојка до себе, а камоли да се приближува можноста да ја ожени“.
„Таа е целосно надвор од неговата лига“.
Но, двојката нашла утеха и сила кај Господ. Тие решија да покажат сочувство и прошка и покрај толку многу суровости. Одговорот на Ешли беше извонреден, покажувајќи не само колку го сака Кристофер, туку и колку го сака Бога.
Еве што таа напиша:
„Ако ги видовте коментарите за нашата фотографија која стана вирална, тие се прилично плитки и груби. Ве советувам да не ги гледате. Ме изненадува колку брзо чуѓето осудуваат, иако тие воопшто не ве познаваат.
Па, дозволете ми само да ви кажам дека освоив премија со Кристофер. Тој можеби нема мускули тврди како карпа, бидејќи светот им кажува на девојчињата да бараат такви мажи, но навистина, зошто би било важно кога се обидувате да пронајдете некого со кого сакате да го поминете остатокот од животот. Тој е толку внимателен и трпелив. Тој постојано со ситници ми покажува колку ме сака. Тој е мојот најдобар пријател. Го сакам за тоа кој е и тој ме сака за која сум јас. Полн разбирање, грижлив и смешен, што е ретко денес!
Уште од рана возраст (како повеќето девојки) сонував со кого би завршила во брак. Тогаш кога го предадов животот на Христа и видов примери на бракови и врски меѓу верниците, тоа беше она што го сакав и јас. Бог ги виде желбите на моето срце и ми го даде Кристофер. Тој ме приближува до Бога преку молитва и својата љубов. Знам дека Бог ќе нè искористи за прекрасни работи затоа што ние сме одличен тим!
Значи, што се однесува до нас и тие груби коментари, ја знаеме вистината и ќе ги блокираме хејтерите. Уживајте во нашата слика.
Покрај игнорирањето на суровите коментари кои ја поплавија сликата, парот покажа прошка кон хејтерите:
„Ова не стигна до магазинот „Пипл“, но сакаме сите да знаат дека им простуваме на оние што напишале грди коментари“,
Двојката планира по дипломирањето на колеџ да стапи во брак.