Џоломарите од кавадаречкото село Ресава денеска бркаа лоши духови на карневал во бугарскиот град Раковски.
-Нашиот настап беше проследен со громогласни аплаузи од многубројната публика. Ја претставивме нашата традиција. Со грпки, кожувчиња и бради, исцрнети лица од саѓи, клопотарци и стапови, направивме огромна врева, го избркавме злото и направивме место за доброто, изјави за МИА Александар Зоков, член на групата.
Тој додаде дека по овој карневал, следува друг настап во странство. Потсети дека редовно учествуваат на разни вакви фестивали во Македонија и надвор од неа.