Зоран Заев избегнува да каже дека Македонците во Егејска Македонија зборуваат македонски јаизк.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во вечерашниот ТВ дуел на Канал 5 со Зоран Заев инсистираше тој да одговори на кој јазик зборуваат Македонците во Грција.

-Каков е јазикот што го зборуваат луѓето во Воден, а е различен од грчкиот? – праша Мицкоски.

Заев го добегна одговорот, иако претходно неколку пати за другите теми бараше став од Мицкоски.

– Во духот на договорот, Грција е таа која што треба да се изјасни за грчкиот народ, заради тоа што тоа се граѓани на Грција. И треба да се изјаснат, рече Заев.