За купување недвижен имот во Србија во четвртиот квартал од 2022 година се потрошени 2,3 милијарди евра, што претставува зголемување од 27,3 отсто во однос на истиот квартал од претходната година, соопшти денеска Републичкиот геодетски завод.
Највисоки цени се постигнати за становите во Белград на вода, каде што најскапиот квадрат е продаден по цена од 10.184 евра, додека најскапиот стан со вкупна површина од 383 метри квадратни е платен за 2.469.888 евра.
Градот Белград забележал најголем број купопродажни договори, вкупно 9.547. Најголем дел од парите се потрошени за купување станови, 55 отсто или 1,2 милијарди евра.
Бројот на продадени станови во четвртиот квартал од минатата година е зголемен за 0,6 отсто во однос на истиот период од 2021 година.
Што се однесува до начинот на плаќање, девет отсто од целокупниот недвижен имот е платен од кредити, што е за четири отсто помалку во однос на претходниот период, а становите најмногу се плаќале од средства за заем, вкупно 21 отсто.