Жителите на Косово се најдолговечни на Западен Балкан, со просек од 80 години, се посочува во извештајот на Светска банка за очекуваниот животен век на светското население, пренесува Бета.
Населението во Косово е четири до пет години подолговечно од жителите на другите земји од Западен Балкан.
Очекуваниот животен век во Албанија е 77 години, во Црна Гора 76, во Босна и Херцеговина и во Србија 75, а во Македонија 74 години.
Во Словенија очекуваниот животен век е 82 години, исто и во Грција, во Хрватска 79, во Турција 78 години, а во Бугарија 73 години.