Д-р Владимир ЗЕЛЕНКО

„За жал, мојот рак напредуваше и се прошири на моето преостанато белодробно крило, а можеби се прошири и на мојот лев колк и долниот дел на грбот.

Наскоро ќе направам биопсија на колкот и грбот.

Постојат експериментални и алтернативни опции за третман што ги истражувам. Се чувствувам добро и немам страв. Можеби ќе треба да намалам со некои од моите медиумски настапи, но имам намера целосно да останам во борбата додека имам свест.

Поминаа четири години откако требаше да умрам. Оттогаш секој ден е чудесен и моето континуирано преживување го припишувам на молитвите на љубените луѓе.

Моето хебрејско име е Velvel Wolf Zev Ben Leah.

Навистина не е важно кога и како човек умира.

Многу е поважно како живее човекот.

Со многу љубов Зев Зеленко!

Ова е вчерашната објава на неговиот профил на ГЕТТР на д-р Владимир Зеленко (и тој како и многу други лекари во САД кои не климаат со главата, е забранет на Твитер, Ју туб и ФБ).

Очгледно ова е неговата тајна, која одлучи да ја сподели со своите следбеници.

Инаку, тој е познат како човек кој по почетокот на пандемијата на Ковид 19 стапи во контакт со тогашниот претседател на САД, Доналд Трамп, и го советуваше дека лечењето на пациентите треба да биде врз основа на протокол со хидроксиклорикин. Од почеток, Трамп застана на негова страна, дури и јавно го промовираше хидроксиклорикинот, велејќи дека и сам го користи превентивно, на потоа целосно се свртe кон Антони Фаучи кој две години ја замајува јавноста во САД и со светот исклучувајќи ги сите лекови кои се безбедни, а кои даваат можност за ран третман и за кого се докажа дека преку една организација ја финансирал лабораторијата во Вухан.

Независно од тоа, д-р Зеленко има спасено илајдници луѓе со својот протокол, а јавно настапува со тврдењето дека корона вирусот САРС КОВ 2 е вештачки произведен вирус за масовно уништување.

Во објавата на ГЕТТР од пред 20 часа, јаво го посочува еден до соработниците на Фаучи, д-р Ралф Барик како учесник во креираање на вирусот со кој се убиени милиони луѓе и тероризирани милијарди. Еве што тој напиша:

„Каде е д-р Ралф Барик од Универзитетот во Северна Каролина во Чапел Хил. Неговата влада спонзорираше истражување за био-инженерство на оружјето за масовно убиство Ковид-19. Тој го разви и противотровот за ова оружје за масовно уништување. Зошто не е виден две години? Ниту еден збор или изјава од овој луд научник. Дали е уште жив? Дали се крие? Дали ДАРПА го штити? Зошто ниту еден медиум во светот не се обидел да го интервјуира? Зошто ниту една платформа не ги интервјуирала неговите колеги во UC Chapel Hill? Зошто никој не се обидел да добие изјава од него надвор од неговата куќа? Типот го направи оружјето што уби милиони и тероризираше милијарди луѓе.“