Агенцијата „STRATUM R&D“ на почеток од овој месец, направи истражувањето на јавното мислење, спроведено преку телефонска анкета на 1.200 испитаници. Очекувано, во резултатите од нивната анкета, се наведува дека народот има најголема доверба во СДСМ и дека за таа партија ќе гласа на следните избори.
„STRATUM R&D“ правеше анкета и пред локалните избори, каде прогнозираше голема победа на СДСМ иако тогаш партијата доживеа невиден дебакл и убедливо загуби низ цела Македонија.
За оваа агенција во јавноста се слушна и кога се зборуваше за големите суми на пари од фондот за иновации. Управителката му беше соработничка на екс-премиерот Зоран Заев.
Од тие причини, ВМРО-ДПМНЕ уште пред две години зборуваше за оваа компанија и оцени дека “мести анкети во корист на СДСМ“.
„Стратум Рид е истата компанија која во неколку наврати добива пари од скандалозните исплати на Фондот за иновации. Сега истата компанија која доби пари од власта, пред избори мести анкети за СДСМ. Анкетата е лажна и за политичка употреба пред самите избори, што најдобро ја отсликува нервозата во СДСМ и поразот кој им следи. Компанијата која е соработничка на владата сега е соработничка и на СДСМ. Веројатно самите анкети се правени на компјутерот во седиштето на СДСМ, а не врз основа на научен и репрезентативен примерок“, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ во октомври 2021-ва година.