Порталот Фокус објави анкета која предивика потсмев во јавноста, писшува Република. Анкетата која ја спровела агенцијата „Стратум Рид“ освен што прогнозира дека Ковачевски има највисок рејтинг меѓу политичарите во Македонија има една голема грешка.Збирот на проценти во анкетираните изнесува 104%.

Според анкетата, на прашањето за поддршката на уставните измени 50% од испитаниците се изјасниле неутрално, 35% ги поддржуваат а 19% се противат, што дава вкупен збир од неверојатни 104%!?

Истата агенција во 2021 година целосно ја промаши анкетата пред локалните избори. Тогаш „Стратум“ прогнозираше дека СДСМ има најголема доверба од 26,1% испитаници, 23,8 отсто имаат доверба во ВМРО ДПМНЕ, а за време на изборите СДСМ катастрофално изгуби.

„Стратум“ беше поврзуван и со скандалите со доделените грантови од Фондот за иновации. Јавноста со право очекува одговори од агенцијата и од медиумот што ја објави анкетата, пишува Република.