На Меѓународната вселенска станица денеска е испратена божикна мисирка заедно со сос од брусница, сладок компир и овошен колач.
Празничната пратка денеска од Кејп Канаверал на Флорида, во вселената ја лансира американската компанија Спејс екс (Space X) со ракета Фалкон 9. Капсулата со пратката би требало да стигне до лабораторијата во вселeната в сабота.
Заедно со божикната вечера на МВС ќе бидат испорачани 40 глувци и 36.000 црви за студии за мускулни структури и процес на стареење.