Нетфликс ќе плати 100 милиони долари за продолжување на серијата Пријатели. Тоа е значаен скок од 30 милиони долари годишно претходно платени за прикажување на таа серија.

Репризите и понатамну се достапни на Нетфликс и тоа уште најмалку една година.

Според Њујорк тајмс, компанијата ќе плати околу 100 милиони долари за да продолжи лиценцирањето на програмата од сопственикот ВорнерМедиа, анонимно изјавија две лица блиски до случувањата за тоа прашање.

Цената што Нетфликс ја плаќаше за емитување на таа серија беше 30 милиони годишно.