Изложба на дела од академскиот уметник Константин Качев

/ 05.12.2018

Изложба на дела од академскиот уметник Константин Качев ќе биде отворена вечер во НЛБ Галерија во Скопје.

Со свои скулптури од керамика на изложбата ќе гостува еминентната уметница од Бугарија Елена Виденова.

Константин Качев спаѓа во редот на најистакнатите современи македонски сликари од помладата генерација. Роден е во Ташкент во 1967 година. Завршил ликовна академија во Скопје.

Качев е член на ДЛУМ и е носител на бројни награди. Покрај групните зад себе има голем број самостојни изложби во Македонија, но и во странство: Њујорк, Париз, Лион, Минхен, Берлин, Њујорк, Софија, Москва…

МИА


Од истата категорија