Откако водителот на „Златна топка“ ја праша Ада Хегерберг дали знае да тверка, актерот Хју Грант покрена генијален штос на Твитер. Тој објави фотографија од Марија Кири Скодовска со опис: „А дали знаеш да тверкаш?“ По објавата на Хју Грант, твитерашите ја затрупаа социјалната мрежа со значајни  жени од историјата, со прашањето: „Се е тоа во ред, но дали знаат да тверкаат?“

 

 

Инаку, Норвежанката Ада Хегерберг стана прва фудбалерка во историјата која доби Златна топка, а тој момент на церемонијата го расипа еден од водителите, прашувајќи ја Ада дали знае да тверка.