Надградениот и осовремен граничен премин Табановце, денеска беше пуштен во употреба. Градежите активнсти кои се спроведуваа во рамки на проектот финансиран од фондовите на ЕУ, кофинансиран од Владата на Република Македонија има за цел да ја зголеми пропусната моќ на преминот за стокови пратки, за што се изградени две нови сообраќајни ленти, воведени се ефикасни контроли и современи стандарди во работењето на царинската лабараторија која целосно е опремена.
Компјутерскиот систем, ќе го подобри управувањето и контролата на транзитните постапки, ќе влијае на забрзувањето на царинските постапки и ќе овозможи поефикасен сервис кон граѓаните и бизнис заедницата.
Табановце е еден од најфреквентните гранични премини во државата каде што се реализира 25 проценти од вкупниот број премини на товарни возила, каде што годишно поминуваат стотици илјади превозни средства и над четири милиони патници од и во Република Македонија. На настанот присуствуваа преставници од Владата, од Царинската Управа на Србија и други.