Denesen.mk
25.10.2026.
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни

АНКЕТА НА „ГРАНУЛЕКС“: ВМРО-ДПМНЕ-23,7%, СДСМ – 6,9%, ДУИ – 5,8%, Вреди-5,2 отсто, Мицкоски со најголема поддршка

МИЦКОСКИ ОД БРВЕНИЦА: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општината

МИА ВО БЕЛГРАД: И граѓаните молчат пред утрешните избори

МИА НА ИЗБОРИТЕ ВО БУГАРИЈА: Градот под Витоша во исчекување на седмиот претседател на државата, анкетите им даваат убедлива предност на Јотова и Валчев

ЕСКАЛАЦИЈА НА ПРОТЕСТИТЕ ВО ТИРАНА: Демонстрантите удрија со камења, полицијата со водени топови, се бара оставка од Еди Рама

Свет, Магазин

На Пелопонез измерени речиси 45,8 степени Целзиусови

/ 25.07.2025
Share
На Пелопонез измерени речиси 45,8 степени Целзиусови
Sun and clouds

Највисоката температура во Грција денеска достигна 45,8 степени Целзиусови измерени во Скала во општина Месиниа на Пелопонез, а околу 85 отсто од вкупното население на земјата искуси максимални температури над 39 степени Целзиусови, според податоците на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текот на денешниот ден температурата во многу делови од земјата надмина 42 степени, а највисоките температури биле регистрирани во Епир, Тесалија, западна и северна Грција, Пелопонез и јужниот дел на Крит.

Просечната максимална температура денеска во Грција беше највисока во последните денови, достигнувајќи 37,6 степени, а 359 од 554 активни метеоролошки станици регистрирале температури од над 37 степени, 165 станици регистрирале над 40 степени, а термометарот покажал над 42 степени во 34 станици.

– Она што е карактеристично за денешниот ден е тоа што многу голема географска површина на земјата беше зафатена од екстремно високи температури. Се проценува дека околу 85 отсто од вкупното население на земјата искуси максимални температури над 39 степени, пишува Метео и појаснува дека демографските податоци се однесуваат на постојаните жители на секој регион, додека привремените промени во населението (на пример, поради летни одмори) не се земени предвид.

Во областа Атика, поширокиот регион на Атина, температурата беше над 40 степени.

Новиот топлотен бран што од понеделникот ја зафати Грција, според најавите и прогнозите се очекува да трае до недела. (МИА)

Share this...
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin

Од истата категорија

ЛЕКСИР: Се разгледува предвремено зголемување на минималната плата во Франција

На протестите во Франција уапсени 135 луѓе, не се регистрирани сериозни инциденти

Илјадници домови во Југозападна Англија без струја по бурата „Остин“, земјата се подготвува за уште една бура

Иранскиот претседател Пезешкијан ги обвини САД за неуспехот на привремениот договор

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот

Војници распоредени во Милано пред најавените протести, зголемени безбедносните мерки и во Рим

Најнови вести

Тотенхем поуспешен од Челзи во лондонското дерби


ЛЕКСИР: Се разгледува предвремено зголемување на минималната плата во Франција


На протестите во Франција уапсени 135 луѓе, не се регистрирани сериозни инциденти


ЗНАМ гради нова генерација млади лидери, вториот младински камп започна на Пелистер


Denesen.mk
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Copyright © 2018 ЕМ Медиа ДООЕЛ