Фановите на светски познатата серија „Игра на тронови“ имаат можност да го купат замокот Госфард во Северна Ирска по цена од 656.452 долари, што е поевтино од просечната цена на станови на Менхетен, кои се движат околу 916.000 долари, пренесе „Фокс“.

Најголемиот замок во Северна Ирска служеше како замок на фамилијата Тали во познатата серија.

Замокот го има дизјанирано архитектот Томас Хопер, а до 1921 година објектот го поседувале грофовите од Госфард.

За време на Втората светска војна, замокот служел за сместување на сојузничките војски и како притвор.

Последниот сопственик го преуредил замокот во луксузен објект.