Повеќе од 150 дивоградби се пријавени во Чаир, со објавени докази за незаконска градба без дозволи, без основни стандарди за безбедност и со сомнителни приклучоци во мрежата на ЕВН.
Ова се истакнува во денешното соопштение на опозициската СДСМ, која 7 години додека беа на власт со ДУИ не гледаше што прави урбаната мафија, ниту ги гледаше дивоградбите за кои сега посочува заедно со градоначалничката на Скопје, која исто така на крајот од мандатот се сети на Чаир и дивоградбите. Во продолжение целото соопштение од СДСМ:
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски не преземаат ништо, напротив ја штитат урбана мафија.
Во исто време, во Македонска Каменица, МВР поднесува кривична пријава против граѓанин кој го реновирал сопствениот покрив. Еден покрив – кривична пријава. 150 дивоградби – ништо.
Тоа е жив доказ за селективната правда и за политичката заштита на урбаната мафија, особено кога е поврзана со коалициските партнери на власта.
Зошто премиерот Христијан Мицкоски молчи? До кога ќе коленичи пред ВЛЕН?
Дали и тој е влезен во криминалната шема?
СДСМ бара итна истрага, одговорност за сите вклучени – без разлика дали се градоначалници, советници или високи партиски функционери.
Не смее да има недопирливи без разлика дали се коалициски партнери на Мицкоски!
СДСМ ќе продолжиме да се бори за правда, за ред и за правна држава во која законот важи за сите.
СДСМ
Центар за комуникации со јавноста