НА СИРИЗА И ПРЕЧИ ТУРСКИОТ МИНИСТЕР: Покрај „Северна“, во Скопје употребуваше и само Македонија

/ 06.09.2024

Грчката опозициска партија СИРИЗА ги осуди како што наведе сериозните прекршувања на Договорот од Преспа од страна на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан за време на неговата вчерашна посета на Македонија, во чии рамки, освен името Северна Македонија, паралелно го користел и името Македонија.

Во соопштението на партијата тие ја повикуваат владата на Мицотакис да престане да ги потценува турските провокации и и да преземе дипломатски дејствија со демарши за како што се посочува, Турција конечно да се усогласи со меѓународното право и реалноста. Индикативен е фактот што посетата на турскиот министер има за цел зајакнување на стратешките односи со … Македонија, а од друга страна Нова Демократија не се погрижи да ги развие билатералните стратешки односи и улогата на Грција кај соседната земја, со ратификување на меморандумите, потпишување нови и свикување на предвидените високи совети за стратешка соработка, велат од СИРИЗА.

Реакција од грчката влада засега нема..


Од истата категорија