На свадбата на Серхио Рамос (33) и Пилар Рубио (41), кои стапија во брак во неделата, за гостите бил предвиден дрес код. Им било „препорачано” да избегнуваат фустани и костуми со црвена, портокалова, зелена, бела и розова боја.

Викторија Бекам, сепак, одлучи малку да го прекрши правилото, носејќи розови потпетици и бел фустан.

На свадбената прослава, покрај семејството Бекам,  присуствуваа бројни славни гости и фудбалски ѕвезди, меѓу кои и Зинедин Зидан, Лука Модриќ и Роберто Карлос. Впечатливо беше отсуството на Кристијано Роналдо, со кого Рамос игра девет години.

Свечената церемонија се одвиваше во Севиља, Шпанија.Убавата невеста изгледаше сензационално во прекрасна венчаница од Зухаир Мурад и ефектен превез. Таа носеше букет од црни кали.

Двојата стапи во брак по седумгодишна врска, а Рамос и Рубио имаат и три деца.