Неколку илјади демонстранти протестираат денеска на во Тајпеј против „насилничкото однесување“ на Кина и повикуваат на референдум за тоа треба ли Тајван и формално да прогласи независност од Кина. Тоа е еден од најмасовните протести на Тајван оваа година и организиран е од Сојузот Формоза основан пред шест месеци.
Демонстрантите се собраа покрај седиштето на Демократската прогресивна партија на претседателката Тсаи Инг-вен. Кени Чунг, портпарол на Сојузот Формоза, го опиша одзивот како „многу успешен“. Односите со Пекинг се влоѓени откао Тсаи дојсе на власт во 2016 година бидејќи Кина верува оти нејзина цел е постигнување формална независност што е црвена линија за Пекинг.