Околу 2.800 пожарникари се вклучени во гаснење на повеќе шумски пожари во централна и северна Португалија поради што владата воведе вонредна состојба. Пожари беснеат во неколку области од четвртокот и уништија најмалку два домови. Речиси 250 пожари беа пријавени дека избувнале во петокот и саботата.
Пожарите доаѓаат во услови на интензивен топлотен бран во Португалија, при што температурите достигнаа над 40 степени Целзиусови оваа недела и се очекува да се зголемат во наредните денови. Научниците велат дека екстремните временски настани како топлотни бранови и суши се поврзани со климатските промени. Се очекува во иднина да станат уште почести и поинтензивни.
Португалската влада издаде национална вонредна состојба, која ги става во состојба на готовност спасувачките служби.
Агенцијата за цивилна заштита соопшти дека околу 1.500 пожарникари се борат со пожарите во областите Орем, Помбал и Каразеда де Ансијаес. Повеќе од 700 војници беа испратени во областа вчера откако пожарите уништија околу 1.500 хектари вегетација, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.
Во пожарите повредени се околу 40 пожарникари и цивили.