На улица „Македонија“ во центарот на Скопје денеска ќе се одржи традиционалната манифестација Денови на македонскиот мед.
Манифестацијата се одржува 17. година по ред, во организација на пчеларското здружение „Матица“.
Посетителите ќе имаат можност да дегустираат, но и да купат различни видови мед и други пчелни производи од наши, македонски пчелари, а ќе добијат, ако сакаат, и совети како да се препознае квалитетен, вистински мед.
Манифестацијата е финансиски поддржана од МЗШВ, а ќе ја отвори министерот за земјодлество, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.