СДСМ и денеска преку партиско сооопштение и се жали на јавноста дека опозицијата во Македонија е „виновник“  не само за делниците туку и за „недела неработен ден“. Го објавуваме целото соопштение на СДСМ, партијата на која за се што не успева да реализира опозицијата и е виновна, а за „историските успеси“ заслужна е само таа – партијата на власт:

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструкции, блокади и кочења на важни законски измени.

Вчера на седницата на Комисијата за труд и социјална политика, ВМРО-ДПМНЕ го опструираше носењето на измените и дополнувањата на Законот за работни односи.

Со овие измени кои треба да стапат на сила на први октомври, недела станува неработен ден за сите оние кои сакаат да бидат со своите семејства.

Наместо да работат за она што се платени, да им служат на граѓаните и државата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на најподмолен начин ги злоупотребуваат чувствата на граѓаните, тераат политиканство заради лични и партиски интереси.

Со ваквиот однос јасно е дека им следува нов седми пораз од граѓаните кои одново ќе ги поразат ваквите погубни и неодговорни политики на ВМРО-ДПМНЕ и неговите пратеници.

Центар за односи со јавноста на СДСМ