Колони автомобили и пешаци сè уште се на улиците на Загреб во сите правци, по силниот земјотрес што го затресе и главниот град на Хрватска.
Сообраќајот дополнително го забавува и дождот, а граѓаните кои по земјотресот од страв излегоа на улиците полека се враќаат во своите станови и куќи, но има луѓе уште по улиците.
Според агенцијата Хина, на сите им се гледа страв и загриженост на лицата.
По силниот земјотрес во Петриња, кој се почувствува и во Загреб и предизвика штета на зградите што веќе беа оштетени, Канцеларијата за управување со вонредни состојби на градот Загреб апелираше до граѓаните да не излегуваат со автомобили, за да можат да поминат службите за брза помош.
Во западниот дел на Загреб, каде повеќето станбените згради се од понова градба, нема видливи штети.