Ситуацијата во Северна Митровица вечерва околу 20 часот и 30 минути се уште е крајно тензична. Околу 20 часот и 30 минути престанаа да се огласуваат сирените за опасност, а на улиците има многу малку луѓе, пренесува српскиот портал Мондо.

Како што јавува дописникот на Косово онлајн, Србите кои биле соговорници се решени да се спротивстават на секој обид од Приштина да ги загрози нивните права и безбедност. На главниот мост на Ибар во моментов нема никој освен неколку полициски возила. Претходно попладне имаше информации дека почнале да се собираат Албанци од јужниот дел, но во моментов на јужната страна на мостот нема поголеми групи.

Да потсетиме, денеска околу 17:30 часот во северниот дел на Косовска Митровица населен со Срби се огласија сирени за воздушен напад, по што граѓаните поставија барикади на одредени делници од патот, а полицијата на Косово потоа ги затвори административните премини Јариње и Брњак. Граѓаните се собраа за да го спречат почетокот на воведувањето на приштинските мерки за реципроцитет, најавени за понеделник.

Исто така, на преминот Јариње дошло до инцидент во кој бил повреден Србинот Н.В од Лешко, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во КБЦ „Косовска Митровица“.

Српските медиуми јавуваат и дека специјалците од косовско РОСО се упатиле кон Митровица.