Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, со умерен интензите на патните правцни надвор од градските средини.

Како што информира АМСМ на граничниот премин Табановце, поради зголемен интензитет, чекањето за излез од државата е околу 40 минути. Како што вчера објавивме, голем број македонски граѓани викендов ќе се вакцинираат во Србија. Најавено беше дека на белградскиот саем викендов ќе може да примат вакцина против Ковид-19 и странски државјани, меѓу кои и од Македонија.

На останатите гранични премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.