Група руски инспектори во текот на месецот спроведуваат две набљудувачки мисии – на САД и на Босна и Херцеговина.
Територијата на САД е набљудувана од вчера до 20 мај, а на БиХ од денеска до 17 мај.
Набљудувачките летови се спроведуваат врз основа на меѓународниот договор за отворено небо.
Територијата на САД е набљудувана од авионите Ту-154МЛК-1, а над БиХ ќе летаат Ан-30Б.
Договорот за отворено небо е постигнат на 24 март 1992 година во Хелсинки. Тогаш Договорот го потпишаа 27 држави, додека денес нивниот број изнесува 34. Целта на Договорот е изградба на доверба преку подобрување на механизмот на контролата на воените активности и усогласеност на договорот за контрола на вооружувањето.